Како на стар проектор се редат сцените: првиот плач во болницата, непроспаните ноќи, пелените, кашичките и чајчињата, медицинските енциклопедии, остави ја цуцлата, треба поголеми патичиња, не во уста!, „две рачички со десет прста“, Ноди-тракторот Том-Мики Маус, како прави магарето?, кликни на црвеното кругче, дувни во свеќите, ајде да градиме куќи, дојди да те гушнам, одиме во парк?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Таа не носи злато, само со сребрени прстени си ги реди рацете. Има девет. На десет прсти носи девет прстени.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еднаш ми има речено дека нејзин број бил три и дека затоа носи девет прстени.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)