Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мојот живот е потрага по вечна љубов иако знам дека еден ден сѐ ќе заврши, сѐ ќе се изгуби без трага во движењето на материјата и времето ќе застане, но знам дека каде и да сум еден ангел Серафим (ангел од највисок ред со три чифра крила) е секогаш на моето рамо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)