Бајко ковачот, влезен во дефтерот со брата си Јована и жена си Марија, со единствениот син Петрета, без снаа и внуци, со еден вол и две говеда, со петнаесет овци, четири свињи, лозје и нешто земја - плаќаше данок три перпери.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Колку сте со ѕевгар, колку со по едно воле? Пресметувале ожежени со сурова вистина, грешеле, по трето недоразбирање пребројувале: биле единаесет со ѕевгари и осумнаесет со по едно воле. Се сложиле во сметката и молкнале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но ќе ви кажам: тие што дошле со по едно воле, дошле попусто. Не ќе можат да го однесат товарот ни до најблисконо село, ни до Древено.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги напоил и веднаш потоа едниот вол му пукнал. Другиот некако го спасиле.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)