еден (бр.) - грош (имн.)

Меѓутоа, привидението било многу високо по раст, имало огромни мустаќи и упатувајќи се по сѐ изгледа кон Обуховскиот мост, наполно исчезнало во ноќниот мрак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кој колку заработуваше и колку чинеше стоката што ја земаше од дуќаните, никој не знаеше да каже, но едно беше јасно, дека повеќе од половината пликови беа празни, само со по еден грош пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Триста и седумдесет гроша, што пари се, но ако се претворат во аспри ќе излезе баснословна сума од 44.000 аспри, сметајќи во еден грош четириесет пари, а секоја пара по три аспри, за која сума ќе треба да продадат 44 најдобри волови, та остави што секаков вол и не се продава по сто аспри.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив,  и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)