- Уште едно кафе, стари? – го сепнува зарипнатиот бас на келнерот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Дај уште по едно кафе за сиктер, па да си одиме. –рече Марија.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
А, сепак, да го запознаам? И, седнувам на компјутер и му испраќам порака дека сакам да пиеме едно кафе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тоа таму му годеше: ја оставаш колата, влегуваш во барот на едно кафе, го испиваш, ги плаќаш и кафето и миењето на колата, а потоа стануваш и си заминуваш во измиена и исчистена кола. И однадвор и одвнатре.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сите негови маки и незгоди се сведуваа на тоа: со влегувањето во занданата, тукашните го потсетиле на обичајот - да ги почести со по едно кафе за добредојде во „фамилијата“. Пази боже од ваква фамилија!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)