Тие околности денеска го подигнуваат едно наречје на степен на литературен јазик, утре друго итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А за да биде такво, треба со општа согласност да се избере едно наречје за општ македонски литературен јазик. 158 Согласност ќе има, ми се чини, само ако секој од нас прави избор не по некакви естетски мерила и не по чисто месни причини, ами од гледиште на општите интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
При издигнувањето на едно наречје на степен на литературен јазик никогаш немаат играно важна улога неговите естетски својства.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)