Кога во живеачката надоаѓа сиромаштијата широко зинуваат устите за мали залаци и погледите на луѓето папсуваат како оној на селанката од Пустец од чиј врзоп денеска никој не купи ништо - барем едно сунѓерче за миење садови, едно шише маслинов зејтин, една паста за бричење.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Го оставив леѓенот и му донесов едно шише од фрижидерот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Бидејќи пак обајцата овие попови придружници земаа учество во неговите работи, секој ден дедот поп им делеше и ним по нешто: по една две поскури, по едно шише винце — и тие да ја поминат света неделичка мајчичка повесело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Постариот делчевец извади сирење и леб, помладиот само леб а отвори и едно шише „Пелистерка“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)