Секако на обајцата им беше криво што го расипаа договорот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Низ нивниот дискусиски филтер требаше да минат репрезентативните заемки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На обајцата им беше јасно дека ова требаше да биде, всушност, последната меѓусебна сесија за конечно справување со балканските (без)опасни турцизми, пред да ја состават конечната листа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И оттаму, од таа средишна позиција на духот, од таа ментална луцидност, која никогаш ни за чекор не отстапува пред материјалната реализација, прекумерниот значај што обајцата им го придаваат на белешките, цртичките, записите, фрагментите, скиците, на целата таа пишувана и цртана легенда, вечно фрагментарна, распрскана низ бескрајот, свесно предадена на скришноста, каде што доминираат игрите со зборови, калиграфијата во огледало, нејасните алузии, повеќе hors d’oeuvre отколку oeuvre, оттаму некој вид на дневник со кого таквото дело се храни. okno.mk | Margina #3 [1994] 13
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Така ли е, Исусе?“ Сега на обајцата им висеа долните вилици.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- А чувството на мултинационалноста, на мултикултуралноста?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ги препишувам белешките од нивната посета: И на обајцата им се допаѓа раздвиженоста на градот. – Но овде луѓето само се палат и мавтаат со рацете! А притоа се смеат!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Меѓу нив, потпрена на ѕидот, лежеше секира. на обајцата им беше до рака, на Марко Проказник од десната страна: природата го определила него да ја чисти од красти, мислеше, да ја лекува, да и ги брише од лице црвените дамки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На обајцата им беа распарани слабините.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На обајцата им зоврело. На десно и на лево. Што не е лошо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Знаеме само дека надбискупот ја напушти салата и дека следниот ден во некои цркви приредбата ја прогласиле за црна миса, и исто така знаеме дека салата ја напуштил министерот за надворешни работи Зоран Талер. Католик и либерал.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Бродски, помлад и потврдоглав, се уште запнува да утврди дали ладовината се потпира на нив или пак тие земаат душа потпирајќи се на ладовината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
На обајцата им е совршено јасно дека ладовината е невидлива само за оние кои не ја сетиле.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)