А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Приврзаниците на првите јасно ги спротивставуваа аргументите на генералната констатација на антикозарите за штетноста на козите: козата го открила кафето, покажала дека со кастрењето на лозинките се добива повеќе грозје, козите, споредени со тежината на кравите, даваат осум до десет пати повеќе млеко од нив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)