По два дена ги одведе во соседното село Градешница каде преседоа четири до пет дена и добро се одморија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе поседе во Прилеп четири пет дена. Му занесе на Горѓија четири пет тави дебело бравско месо, но не го пуштија да се види со него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дежурниот офицер ја извади книгата заповеди и почна да чита: „ЗАПОВЕД“ „Ѓорѓи Делчев, јункер од ова воено училиште, за давање недозволени книги за читање на јункерите, кои беа в затвор, се казнува со пет дена строг затвор.“
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Беше одработил повеќе од деведесет часови за пет дена, исто како и сите други во Министерството.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
По пет дена ми кажуваат: детето ви е на умирање.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сите перформанси на Крис Бардон (Burden) содржат ризик „што ја доведува уметноста до работ на самоубиство“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во Петодневната претстава за шифоњерчето (1971) тој пет дена беше заклучан во едно шифоњерче, беше застрелан во рака при Претстава за истрелот (1971), ‘распнат’ врз еден Фолкцваген во Закачениот (1974) и оставен среде автопат под една церада опкружена со сигнални светла во Мртовец (1972).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во густините на подземниот чад се извеле од купови јајца срдити скакулци да ги мачат безбожниците сто педесет и пет дни; главите им биле душмански, со женски коси и со ѕверски заби и имале скорпионски опаши со отровни жила: луѓето ја барале смртта и не ја наоѓале, и сакале да умрат и смртта бегала од нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ова утро, според информациите од медиумите, се дознава дека ноќта била мирна на ридовите над Тетово.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ќе заборавев: пред пет дена добив картичка од вас во која се претставени двата брега, албанскиот и македонскиот, на Охридското Езеро со поглед на Поградец, што вие сте ми ја напишале на 18 декември 2000 година!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Новата година за прв пат се приближуваше со поинакво значење, не за да донесе нови непознати страдања, туку да влезе во убавото малечко главче на Пеличка дека еднаш откако ќе изминат триста и шеесет и пет дена се менува бројот на годините со тоа што на претходната додаваме уште една.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И на пет дена пред празникот тргнаа четири табури до заби вооружени отоманци во четири правци кон Мариово, палејќи и ограбувајќи секој табур секое христијанско село што им се испречуваше на патот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Така, тие можат да бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи до пет дена во месецот, како и за извршување на сезонски работи и други повремени работи од страна на градоначалникот на единицата на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Жалителот е должен податоците да ги достави во 44 рок од пет дена од денот на приемот на барањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во рок од 15 дена по приемот на ова решение, Судскиот буџетски совет ќе побара од жалителот или неговиот полномошник да достави податоци за банкарската сметка за исплата на средствата досудени од Врховниот суд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По пет дена војводата го издемнува Џема, му фрла пипер во очите и му го пресекува гркланот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)