Затоа решив да направам мала анкета: На прашањето кој е премиер на Канада, пет души ми одговорија различно, а другите пет немаа појма.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
— Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на коџабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И откако ги испрати со најголема срдечност, му се фрли на Мирчета: — Море ќе нѐ земеш на душа со вакви твои пријатели, бреј! Не гледаш ли, пет души сме ти се обесиле на вратот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дојдоа пет души - Сотир Лекоски, Паско Бачо, Коте Буџе, Боре Кузе, имател на земјоделска пензија, и Михајло.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Дишери, дишери, дишери, ) — и не чекајќи овие да излезат, ги фаќаа за раменици и ги исфрлаа како партали во дворот на дождот и снегот сред вириштата и калта до колена.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Гнев, несовладлив гнев му ја обзеде душата: - Како тоа само со пет души! - му се внесе јаросно во лицето на сопственикот и му го попречи патот, готов да ги закопа своите суштерни прсти во неговите мазни, потни подгушници, да ги раскине на парчиња.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само пет души! Ами другите, кај ќе одат другите? Што ќе прават тие?!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Така стоејќи Аргир продолжи да говори тешко, изгаснато: - Сите работници! Задржи, ми рече, само пет души.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)