На „сцената” инаку е присутен најмалку петнаесетина години, најпрво како стрип-цртач, потоа како член на уметничката група „Зеро”, сликар со фино амортизирани „поп-арт” влијанија и најпосле како концептуален уметник.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Англискиот филмски режисер Питер Гринавеј (Peter Greenawey - 1942), веќе петнаесетина години несомнено се наоѓа во врвот на европскиот нов авторски филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кај некои забележува посивена коса иако од него некои се помлади десетина, па и петнаесетина години.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Камилски не се надеваше дека повторно ќе ги види овие букинисти, макар што од последната средба со нив беа поминати петнаесетина години.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во следните петнаесетина години, во новата куќа им се изродија четири деца...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
За првиот приватен театар во Бугарија „Ла Страда“, формиран уште пред петнаесетина години, се сетив деновиве кога во дневниот печат прочитав дека има иницијатива за формирање на два приватни театри во нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Работам разни работи на подрачјето на пиратското радио, кое го сметам за важен дел од алтернативните автономни медиски структури што ги изградивме во Амстердам последниве петнаесетина години.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
„Гертруда е мртва,“ рече девојката. „Оттогаш минаа неколку години. Беше зима.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Токму овде ја запознав, пред петнаесетина години.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во последниве петнаесетина години се јави цела плејада нови и млади македонски преведувачи и писатели кои даваат значаен придонес во подобрувањето на преводната литература на македонски.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)