седумнаесет (бр.) - година (имн.)

Одлуката на ревизискиот суд се доставува до првостепениот суд преку вто- ростепениот (чл. 389, ЗПП). 100 Авдиќ против „Киро Ќучук“1 Спор за враќање на работа поради неоправдан отказ2 Potentia debet sequi iustitiam, non antecedere Моќта треба да ја следи правичноста, а не да ја натфрла!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот Орхан Авдиќ од Скопје (сега 54-годишен) беше вработен во фабриката за цигли, тули и ќерамиди – АД за произ- водство и промет на градежни материјали „Киро Ќучук“ – Велес, која во транзицијата беше приватизирана по партиска линија од страна на локални моќници, со договор за работа на неопределено време, од 1982 год. – седумнаесет години пред да настане конкретниот работен спор опишан подолу.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Невена, мојата мајка имаше скоро седумнаесет години а Стојан десет.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Останав со мајка ми, со сестра ми Аспасија, која на седумнаесет години се омажи во Лерна, и со брат ми Лазара, роден три години пред мене.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некако ми избега времето во кое таа ги загуби цртите од баба ни и го доби ликот на мајка ни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дедо ми ја ожени на седумнаесет години и објаснував затоа што во селото немало поубава од неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ако е сама, и таа ќе копнее, не како него, лошо и налудничаво, зашто тој старее а таа има седумнаесет години, ќе копнее убаво и жаловито како ластовица, и не за некого, зашто нема приличен пред нејзината младост, а така сама од себе дека е толку чудно убава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нејзината болест прв пат се појавила на почетокот на 1947г., кога имала седумнаесет години.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Катето поцрвене кога му намниса за мажење, ама нели е женско и веќе во седумнаесет години, тоа знае дека така треба да биде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа може да го почувствува само суштество од седумнаесет години кое тукушто се разбудува од детскиот сон.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Имал седумнаесет години кога го затвориле француските окупациони власти.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа друга уметност, која одбива да се декларира како народна е „културолошко труење со предумисла“ и е производ на бољшевизмот и тоталитарниот комунизам (што можеше Луција да знае за бољшевизмот и комунизмот со своите седумнаесет години, кога имала само единаесет години кога се урна комунистичкиот режим?).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имав седумнаесет години, Луција исто така; одев со неа во трети клас и зад себе имав речиси три години безуспешно додворување; седеше токму пред мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како и да е, со Земанек живеевме онака како што можат само да живеат двајца младичи на седумнаесет години, оти тоа никогаш веќе во животот не се повторува; има човек и натаму одлични другари во животот, но заедно со првата љубов, оди и првиот другар.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некогашните свештеници, кои додека владеел Ихнатон биле понижени, го повеле народот, кој никогаш не ги заборавил старите богови, со одмаздничка страст и фанатична осветољубивост да ги урне новите храмови, и го забраниле монотеизмот, враќајќи ја старата религија на многубоштвото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седумнаесет години откако ја вовел новата религија, фараонот умрел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не кај очувот, кај што се преселија кога веќе имаше седумнаесет години, туку малку подалеку од центарот, во оние споредни улички, во куќата на дедо му.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога се сврте кон неа и ѝ се насмевна, во синилото на очите му засветка онаа возбуда која човек ја чувствува само еднаш во животот, на седумнаесет години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Останала сосипана старица, ни дете ни коте имала повеќе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во војна време многу луѓе истепале, селиштата ги сринале, куќите - 'ржаници ќуљ станале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
За оваа чешма постои една легенда.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синои Божиној само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно машко дете, му го викаа Велко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во неа се зборува за Карабеќерица која живеела со својот син Демир - убаво, свидно момче на седумнаесет години.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Раката на девојката, стара седумнаесет години, за првпат се спушти на живо крзно.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога имав седумнаесет години, нели ти реков дека никогаш не си ме бакнала или погалила како мајка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еднаш, сигурно имав преку седумнаесет години години, а таа имаше петнаест, си купила костум класичен, чевли, кошулка спроти костумот и сѐ друго што ѝ требаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На седумнаесет години тој станал претседател на Окружниот одбор на јуниорската Антисекс лига.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сестра му Кефсер се омажи многу млада, на седумнаесет години, и неколку месеци по свадбата со сопругот Гани замина во Швајцарија, во Луцерн.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Излегуваат и се водат за рака како младенци од седумнаесет години! И Доста се ослободи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Илко се прибра горни крај и му направи „добре дојде" на дедот Петка, па некако срамежливо, небарем сега е ергенче од седумнаесет години, и рече и ма Доста: — Е, добре дојде Досто и ти Сега си гостинка, a одутре ќе бидеш домаќинка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синови Божинови само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Четири имаат седумнаесет години, седум осумнает, пет деветнаесет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)