А.А. многу повешто и поуиграно од Х.Х. и трите водичи - конзерватори, секој задолжен за секторот на една од трите вери на народот, ја менува и приспособува интонацијата, како да се наоѓа на значајна естрадна сцена, пред кого небаре се наоѓа целиот народ, а не ние, измачените слушатели и гледачи во последниот чин на ова фантомско патување.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)