Летово со Консуело, кој е од околината на Макондо, на патување од Албанија минавме во Македонија преку границата близу Охридското Езеро кое е старо три милиони години и е многу длабоко.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Набљудувајќи го поленот под микроскоп, пресмета дека во еден цвет од јаболко има околу сто илјади поленови зрнца; во цветот од божур, околу три милиони; во реса од леска, околу четири милиони; во реса од бреза околу шест милиони; а пак во ресите на брестовите и костените по неколку милијарди поленови зрнца.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Но, и покрај овие проблеми – годишната продажба на друштвото изнесува околу три милиони евра.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, кога се живее и се работи во него, малку е поинаква состојбата, веројатно затоа што човек се втопува во секојдневното сивило на овој град и станува една незабележителна честичка на неговото цело и затоа што со сите парижани го вдишува загадениот воздух, кој се испарува од трите милиони коли.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пример рибата: за да го продолжи своето потомство, во зависност од видот, исфрла од 15 илјади до 150 милиони икри годишно; матицата на пчелата за три години снесува околу три милиони јајца; жабата шест илјади годишно; и човекот непотребно се расфрлува: во изливот на семето исфрлува околу 200 милиони сперматозоиди.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Работењето, кое 95% е зависно од увоз на репроматеријали, покрај со неинвестирање, се карактеризираше и со ниска искористеност на производните капацитети.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во градот од три милиони жители остана само уште еден автомобил.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Луѓето во Париз, оние што работат врз неговот урбанистички развиток, најмногу внимаваат работниот човек во Париз да го одделат од бучавоста и трите милиони коли и да му обезбедат помирен живот, без нервоза и турканица, без многу да се движи на тркала.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)