Знае дедо Петре според Евангелиските писанија што се случило и со Петар, и со сите Христови ученици, и со предавството на Јуда - за триесет сребреници бакнувајќи го Христа го посочил на војниците фарисејски - па да го фатат, да го врзат, да го водат на суд...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
ВЕЛКОВ: Сечиј живот е како оној на Исус Христос. Прво нѐ сакаат и слават, после нѐ продаваат за триесет сребреници.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)