триесетина (бр.) - година (имн.)

После скоро триесетина години... 1903 година Јован дојде од некаде, некое востание се беше дигнало...негде кај Разловци во Малешевијата...поврзано со тоа на Мечкин Камен кај Крушево...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Колку убавини да се среќаваат во Париз, сепак, кога се слуша за неговите идни развојни концепции, кои треба да станат стварност по триесетина години, кај секого оживува своевидна заинтересираност, зашто се смета дека во периферните длови на овој град ќе изникне нешто екстравагантно, нешто единствено, зашто се знае дека тоа се случува во најубавиот град на светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Токму за да ја потцртаме врската меѓу “постмодернистичките превратници” од пред триесетина години со најновите случувања во прозата воопшто, се решивме за овие три веќе славни раскази кои и денес делуваат свежо и субверзивно во однос на конвенциите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Околу девет саатот по „алафранга" навистина влезе во кафето еден млад човек — одвај да имаше триесетина години, облечен во градски алишта, избричен, со високо чело, дебели усти, над кои убаво засуканите долги црни мустаќи му ја потврдуваа и убавината, и сериозноста на неговото машко лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Хаосот е една од највозбудливите и најзанимливи области во науката развиена во изминативе триесетина години.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Паметам, пред триесетина години последен пат натрупа голем снег, та цела зима бев заробен во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И одеа двете момчиња угоре, носејќи ги во мислите смелите партизани, кои пред триесетина години ги минувале овие места.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Помодерен – воздивнува Хорацио низ чадот – Речиси два дена висел на шарениот волнен шал, исплeтен од мајка му уште пред триесетина години, како сѐ сторено од неа, беше солидно и цврсто.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, во последните триесетина години крзнарството им го презедоа околните села и градови, а најмногу Русите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Триесетина години подоцна, скопската издавачка куќа „Култура“ го објави мојот прв роман со наслов „Постела за чемерните“.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зборува насмеан и ние насмеани само мрдаме со глава, а ништо не разбираме, но сфативме дека тој е сопственикот на кафеанчето и не личи на постар од триесетина години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога влезе во дворот, со неа имаше и една непозната жена на триесетина години.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Ќе седам,“ реков, местејќи фотеља до креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И покрај тоа што во тие триесетина години по моето враќање дома некако се зближивме, меѓу нас остана трагата на некогашната омраза, и нешто не ми даваше да легнам покрај неа, на онаа страна од креветот на која, до својата смрт, лежеше татко.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се случи пред триесетина години од овој ден, кога седнав да пишувам, во едно сиромашно и тешко време.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја викаа Кијмет. Глувонемата Кијмет. Таа топчеста, валчеста жена од над триесетина години, беше најсамотната самотничка, најтажната ластовичка во градот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ги отвори очите, сѐ уште заслепен од светлината на сонцето, за миг му се причини како да се нашол во некое друго време, во некоја друга димензија, и како пред себе да се гледа себеси, само по некои триесетина години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пред триесетина години, во нашава Македонија, односно во тогашната СФРЈ, се спроведуваше една друга акција.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби тоа ме натера денес, по триесетина години од сликарскиот занес, просто да ја проголтам книгата „Мојот татко - Волт Дизни“, напишана од неговата ќерка, Дајана Дизни.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Назад пред триесетина години.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, и Раде не ѝ остануваше должен: - Знаеш Јано, овде во Жарково, каде што сега живееме, пред триесетина години било село.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Рубина Фаин! Минато, заборав! Во едно гратче на Пиринска Македонија во куќата на В. лежеше пред триесетина години во стара книга со Пушкинови стихови писмо упатено до Белгиецот Едвард Жорес и потпишано само со иницијалите Р.Ф.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ги споредува двете слики и гледа како времето и животот во интервалот од триесетина години што ги делат сликите, го сториле своето: косата обелена, веѓите обелени, мустаќите обелени; целиот обелен како да е фотографиран во негатив; само очите црни.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И кога Татковата мајка во 30. години заминува за Турција, да се види со своите браќа и сестри во Турција, по триесетина години откако се разделиле, неа тешко можеле да ја разберат со нејзиниот архаичен турско-арапско-персиски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Верувајќи дека еден ден, макар предоцна, но секогаш нужно, ќе дојде до еден вид помирување со позитивните текови на исламската цивилизација од XX век на Балканот, по нивното радикално искоренување, како што тоа се случуваше и во Европа по вековните судири, Татко сметаше дека ориентализмите кои живуркаа и не исчезнуваат од балканските јазици, можат да бидат значајни елементи за поцелосна реконструкција за вредностите на некогашниот соживот, кој сам по себе содржел елементи на соживот, кои биле интегрално збришани во војните на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓу бурните уметнички случувања во првите триесетина години на веков што изминува, експресионизмот има(ше) свое сосема посебно место, и тоа како според политичката контроверзност што ја предизвикуваше (од една страна обвинуван како некаков мистичен предвесник на национал-социјализмот, а од друга, токму „изопачените” експресионисти најмногу страдаа за време на фашизмот), така и според уметничките содржини што ги носеше, необично спојувајќи ги романтичниот и мрачен дух на 19-иот век со револуционерните промени на многу полиња во почетокот на 20-иот век.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имаше околу триесетина години овој кутар божјак, со грпка што му стрчеше под кошулата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога пред триесетина години за првпат те сретнав во животот се заљубив во тие мили зелени очи, ширум отворени кон светот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Минаа повеќе од триесетина години од времето на градбата на насипите и хидроцентралите на реката која минуваше низ двете земји.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така е запишано во вашето досие” ми го упатија првото прашање во кремљската комисија. ,,Да, товариш претседателе, добро ги познавам руските јагули, триесетина години ги проучувам, но има многу работи кои тешко се откриваат, особено кога е во прашање нивната миграција.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Алфред Хичкок Тематот за една од најфасцинантните личности на дваесетиот век, Алфред Хичкок, човекот чие име значи жанр, како што вели Трифо, го почнуваме со славните разговори меѓу, пред сè Хичкок и Трифо, а потоа Хичкок и Питер Богданович (книгата за Хичкок на Трифо не е само една од најзначајните книги за филмската уметност, туку таа во шеесетите години многу придонесе за ширењето на границите на слободата и на она што значи уметност; оттаму таа книга е посебно значајна и за нас, кои на тие културно-историски нивоа, онака глобално, социолошки, сме барем триесетина години назад); во вториот дел на тематот поместени се два „психоаналитички” текста за Хичкок, а најнакрај ви препорачуваме дел од многубројните книги напишани за него и го донесуваме прегледот на сите негови појавувања во сопствените филмови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Писателот, едноставно, не го фермаат, дури и кога се буни како Грк у апс.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мајка ми предложи да земам една од нејзините, премногу младешка за неа, но сè уште сосем солидна, иако купена пред триесетина години.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Беше тоа многу одамна, преку триесетина години, едно лето во Дубровник, или можеби во Херцег Нови, каде што тогаш најчесто летувавме.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не можев а во еден од симпозиумските реферати да не ги споделам моите некогашни, пред триесетина години, патувања со овие сегашниве.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Стравот повторно го зграпчи за грлото, исто толку тешко и силно како пред триесетина години кога ѕуреше во мракот, ослушнувајќи го топотот на војната.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Еден ден, пред крајот на 64., некоја жена од триесетина години, за која ми се чинеше дека сум ја видел неколку пати порано, влезе и дојде до местото каде висеа Мерлинките.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го прашав Били: „Кој беше ова?“, и тој ми го кажа нејзиното име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секако, вака отворена куќа носеше со себе и голем ризик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој лесно си ја препозна детската соба во старата куќа, урната пред триесетина години.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И долгогодишната кореспонденција помеѓу Гете (Goethe) и вајмарската дама Шарлота фон Штајн (Charlotte von Stein), мажена госпоѓа со седум деца, ја доживеала својата драмска транспозиција: пред некои триесетина години германскиот драматичар Петер Хакс (Peter Hacks) напишал успешна монодрама со долг наслов Разговор во куќата Штајн за отсутниот господин Гете, која со голем успех се изведувала на многубројни европски сцени; во тие години на подем на таканареченото женско писмо, актерките просто уживале да ги екранизираат пустите машки мани на големиот светски класик...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не, драги Луан, пишувајќи Ти за овие неколку антологиски примери на допишување на уметниците и нивните трпеливи или емпатични поддржувачки (читателки, пријателки, сопатнички, собеседнички...), во ниту еден миг не ја заборавав Твојата Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се разбира, Ти тешко го прифаќаш нејзиниот радикален став: дека не сака да се занимава со ништо што би можело да ја оддалечува од онаа бартовска суштина на Твојата литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Младиот Делатр, сигурно, според изгледот немаше повеќе од триесетина години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
ВОРХОЛ ВО МАРГИНА Во овој број Маргина ја почнува серијата тематски блокови за најконтраверзната личност во последниве триесетина години, човекот кој длабоко го промени мислењето за уметноста воопшто, разбрана како творење или восприемање, сеедно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)