Веројатно, кон крајот на триесеттите години, некој париски букинист ја откупил старата фотодокумантација на парискиот дневник.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Генералот Кикицас, кој уште од младини, од деновите на школувањето во воената академија, таму во далечните триесетти години, беше близок пријател на Маркос, со кого го формира Главниот штаб на ДАГ, значително, но одвај забележливо погледна на Захаријадис.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Маркос беше практичар. Воени знаења имаше толку колку што добил во подофицерската школа што ја заврши во триесеттите години.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Станбената зграда „Победа“ беше стара, изградена во триесеттите години, или приближно тогаш, и становите се распаѓаа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неговите подвизи постепено беа поместувани назад во времето, сѐ додека не допреа до чудесните четириесетти и триесетти години, во кои капиталистите, со нивните необични цилиндрични шапки сѐ уште се возеа низ улиците на Лондон во големи блескави автомобили или во коњски запреги со стаклени врати.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И Климент Камилски, во младоста, особено за време на студиите во Франција, беше љубител на добрата чашка, добро ги познаваше најдобрите француски коњаци и париските шансони од триесеттите години.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Особено една наизглед мала поединост ме вознемируваше, а тоа беше дека наводно, синот на правнукот на Нико Кочов, Петруш Кочов, во некаква нејасна околност, веројатно по некоја расправија (зашто нетрпението меѓу двете семејства траело до триесеттите години на дваесеттиот век, кога машките глави од семејството Кочови заминале за Америка), ја удрил жена му на мојот прадедо Славејко Поцо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Секој филм ѝ припаѓа на одредена етапа на Хичкоковото творештво; ако ги исклучиме подоцнежните дела, без кои, така да се рече, „Хичкок не би бил Хичкок“, неговото творештво јасно се дели на три етапи: англиска етапа (триесетти години), првата американска (“Selznick”-овата) етапа (четириесетти години) и втората американска етапа (од 1950, од „Странец во возот“ па натаму).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Патот беше граден триесеттите години. Ангарија работеа селаните од околните села.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се вестеа тажните триесетти година на апотеозата на сталинизмот во Русија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)