Бидејќи, убеден сум, Гутенберговата галаксија над нашето небо полека гасне, речиси видлива со голо око на ѕвезденото небо, а притоа нејзиното зрачење до нас се уште позначајно не се пробило. (Данило Киш, 1973) Маргина 35 47 ИДЕОЛОГИЈА И УМЕТНОСТ Илустрација: Diego Gravinese 48 okno.mk Од 7 до 10 февруари оваа година германскиот Гете институт во Музејот на современата уметност во Скопје, во рамките на темата “Уметноста во служба на идеологијата”, организира проекции на три документарни филма (за тројца уметници коишто совршено се вклопија во “каноните” на тн. фашистичка идеолошка естетика: режисерката Лени Рифенштал, скулпторот Арно Брекер и композиторот Норберт Шулце) и предавање на г-динот Марсел Швирин за нацистичката естетика (главно низ филмовите на Лени Рифенштал).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)