Ќе имате тројца или четворица луѓе за врска, кои одвреме навреме ќе бидат обновувани, онака како што ќе изчезнуваат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Бидејќи владее со сите елементи на филмот и во сите стадиуми на реализација наметнува идеи кои се лично негови, Алфред Хичкок поседува вистински стил и сите ќе признаат дека тој е еден од тројцата или четворицата режисери кои можат да се идентификуваат само ако неколку минути се погледне било кој нивен филм.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Потоа некој друг продолжил несвесно да се движи во пренапнатиот Онисифор Проказник, се исправил во него со извлечен јатаган од крваво месо и пошол со искривено лице да сече и да реве со зборови на одамна умрените први доселеници или староседелци на тоа парче земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но тој некој во него ги примал движењата и настаните со негови сетила: видел уште тројца или четворица мртовци, меѓу нив еден свој, премолчаливиот Куно Бунгур, без проштален поглед, со очи скриени под крвава коса и со многу рани по вратот и по рамениците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)