Малку пред или по вториот Нобелов роденден, во илјада осумстотини триесет и петтата година, завршува гимназија Карл Маркс и Лермонтов им ја подава на рускиот човек и на светот Маскарада.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еве, дали меѓу многуте вести вчера си ја забечежал оваа: -Загрозена планета - значи, во последниве четири столетија тотално исчезнале 654 видови растенија, а во денешниве услови загрозени се 3 632, а во опасност се 5 687 видови растенија.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во истата година, по неколку месеци откако Његош ја создава првата печатница во Црна Гора (четири столетија и две децении по отпечатувањето на Гутенберговата Библија), Џемс Гордон ја изненадува Америка со дневниот весник New York Tribune, големиот врсник на непознатите Новине хорватске на Људевит Гај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)