четири (бр.) - чета (имн.)

Главно е сега да и довардиме главите, та за главабашии, буљукбашии сете веќе сме печени, — му одговори Толе и ги раздели на четири чети: — Еве ти, Стојо, земи и виа твојте орленци, марулчани, мојте крушевчани и чанивци пет шест души, и држи а Маргара, до кај Будимеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште истата ноќ и тој се раздели со Стоја и Петка и тргна со Андона кон Крушевица, откаде го зеде со себе помалиот свој син Велјана да не падне и тој во рацете на агите, како постариот Трајко кој веќе, заради татка си, беше затворен пред една година.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На Црна се стави со Андона и си ги даде своите наредби, бидејќи тој остана и понатаму главабашија на сите четири чети што се образуваа од неговата арамиска дружина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Заедно со него го прокрстари и овој реон — мало Мариово, ги најде по Крушевица и Рапеш Стоја и Петка, си ги даде директивите како арамбаша на сите четири чети и пак прејде на Скаклевите воденици да „пашува" по Бзовиќ, Груништа, Старавина, Градешница, Полчиште и Бешиште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека ваќаат меќани до пролет. A кога ќе закука кукавицата, ќе се најдиме пак во мајката планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Андон ги догоре чифличките кули и кошарки во Крушевица, што останаа лани лето недогорени; Петко и Стојо — тие во Маково и Рапеш, такашто Мариово го очистија од турчовина во сите села, освен Витолиште, та му удрија едно своеволие секој во својот реон, а Толе во цело Мариово како врховен заповедник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)