Покрај парите што ги даваше грчката пропаганда преку битолскиот владика, Кондилис донесе лично илјада лири направо од Атина и им ги подели на оние „Грци" што се двоумеа, а испрати во Атина и пет шест деца на повидни селани да учат „вистинска наука".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чудно момче беше тој Атанас Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Последен кој молеше на Молитвена Вода, беше Атанас Дамчески, петто по ред од шесте деца на Ѓорета Дамчески и трет по ред од четирите негови синови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој има в село шест деца и жена.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Помислив дека и Јован сега спие, и Ратка спие, и шесте деца се заспани кое каде се нашло во куќата, се свило како што го навалило сонот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сите четири женички од среќната соба број пет родивме шест деца. Најпрво Душанка - два сина, Тимотеј и Доротеј.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Јас сум татко на шест деца, вели, и знам како дише жена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Бевте во право кога велевте дека во текстот беше изразена толку силно хармонијата на еден маж и на една жена низ нивната тишина за што тешко можело да се најде друг пример, слика на една чудесна убавина, која трансцендирајќи секаква друга конкретна реалност, ја чини вистински амблемска.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во нашата куќа во Скопје крај реката Вардар, во тивките квечерини започнуваше да изгрева чудесна тишина, која можеше да се слуша, да се препознава, да се гледа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц,
Честопати го читам вашето писмо што ми го упативте на 10 мај 2000 г. и размислувам за неговата содржина, особено за фрагментот за тишината, која до крајот ги држеше обединети моите родители во нивниот полвековен заеднички живот, во најголем дел минат во егзил и во израснувањето на нивните шест деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
И немаше ден мајка Евгенија да не нѐ собере. Најчесто тоа го правеше по вечерата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Два месеца останавме во хотел. На еден кревет спиевме по четири и по шест деца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Еден негов соселанец од Леринското село Турје на лош грчки јазик постојано вели: О, сироти шест деца...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Мајката Роса кога ѝ го отепале мажот не била постара отколку што сум сега јас, сѐ уште, и со пет моми, односно шест деца (едно си земал Господ), можела да најде маж за себе, ама сигурно не ќе нашла татко за момите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Немаше семејство да не приплоди барем четири, пет, шест деца, а не беа ретки и такви што водеа и по десет – дванаесет.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)