Тука ја видов најголемата покриена сала, за шест илјади гледачи, коа може да се подели и во помали сали, зависно од потребите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во античко време единствени луѓе што знаеле да читаат и пишуваат биле вештите писатели, писари, калиграфи и препишувачи кои биле способни да меморираат шест илјади пиктограми или хиероглифи неопходни за пишување на старите јазици.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Види, сакав нешто друго да ти кажам.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Сега ги имам шест илјади педесет и три низ цела Македонија. Да, да шест илјади педесет и три...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ако не знаел, зошто тогаш последните зборови до мене, кога заспивал во Господа, во светлозрачниот Рим, на четиринаесеттиот ден од месец февруари, на вториот индикт од создавањето на светот, шест илјади триста седумдесет и седмата година, ги запишал на писмо, на книга стуткана, со својот ситен, неубав краснопис, и рекол: „Ова да му го дадете на отец Иларион.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И нека се знае, преку говорот на летописот, за вас кои доаѓате: тројца бевме, Лествичникот, Филозофот и јас, Иларион Мозаичник, во шест илјади триста седумдесет и второто лето Господово, на вториот индикт од создавањето на светот, во месецот петти, ден од месецот тринаесетти; слегувавме, за третиот печат од вратата на одајата кобна да го отвориме, по третпат во неа сподобие човечко да влезе.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Пред мене се шест илјади километри за одење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе ми направиш полошо, му велам, ало, шест илјади километри нѐ делат!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пример рибата: за да го продолжи своето потомство, во зависност од видот, исфрла од 15 илјади до 150 милиони икри годишно; матицата на пчелата за три години снесува околу три милиони јајца; жабата шест илјади годишно; и човекот непотребно се расфрлува: во изливот на семето исфрлува околу 200 милиони сперматозоиди.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)