бакне (гл.) - в (предл.)

Застанав над неа, ѝ намигнав, а таа одвај најде сила да се насмевне... Ја бакнав в чело...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја бакна в чело и виде скаменет Божјиот знак одново како исчезна во небесата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој се наведна, со двете раце ѝ ја фати главата на Билјана и нежно, од длабината на срцето, ја бакна в чело.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
По патот притрча и Мира. Ми се спушти, ме прегрна и ме бакна в лице.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)