Ја бараше меѓу многуте жени, на песокот и во водата, ја бараше неа, Јана, и кога не ја најде, се врати верувајќи дека неговиот нагон е и негова сила.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На сликите од слетот, што ги донесуваше весникот, тој ја бараше неа да ја познае меѓу публиката, тој се напинаше да прочита од нив колкава напаст ја застрашува и премислуваше нели е најдобро да појде самиот таму и да ја предупреди.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А јас ја барав неа, татковината...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)