Тоа не е толкување на појавата, туку нејзино укинување – со тоа што индентификацијата се срамнува до рамниште на идентитет, со тоа што желбата се сведува на идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не размислувајќи многу, се качи на таванот, превртуваше штици, стари косила, вили, распаднати самари, лопати, искршени грнци. Ја бараше скриената пушка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И, додадов: мораш да дојдеш и поради луѓето кои во секоја постапка на своите ближни бараат скриени причини и наоѓаат најнеобични објаснувања.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа е одрекување на самото постоење на геј-културата – укинување на машката хомосексуалност како особено културна практика.
Да беа Милдред Пирс и бродвејскиот мјузикл само кодирани претстави на геј-идентитетот, ќе очекувавме дека отворената, изречно геј, излезена и горда, идентитетски заснована култура на постоунволската доба одамна ќе имаше раскрстено со нив, зашто денес геј-мажите имаат пристап до она вистинското, до нецензурираните и директни претстави на она што тие се: веќе не мора да се помируваат со кодирани и фигуративни верзии и не мора толку да се мачат да ги преосвојат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сетете се што изјави Ендру Саливан кога онака радосно го објави „крајот на геј-културата“: денес геј-мажите веќе не мора да „бараат скриени значења во главнотековните филмови – некако да се идентификуваат со подостарениот, кампест главен женски лик на начин што му се измолкнал на останатиот дел од културата“.298 И сосема е во право Саливан: геј-мажите веќе не мора да прават така.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)