И така познанието од тој вид и со него поврзаната фигуративна способност за создавање претстави (којашто е нужна за имагинациски процеси од повисок ред), постојано се дополнува при перцептивните процеси на нови и нови уметнички дела како комплексни објекти што бараат постојано усовршување на способностите за осознавање.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Нацијата, како и хиндуската Кали, бараше постојано истребување на непријателите (демоните), биолошко прочистување и тајна заклетва дека и во најтешките времиња на мирот не смее да се заборави суштината на таговското постоење: убиството.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таинственоста на уметничкото, коешто естетските теории (Adorno-вата и Hartman-овата) ја опишуваа како „повеќекратност”, херметичност, фиктивност и дереализирана појавност на уметничките ликови, се поврзува со комплексното сетилно осознавање, коешто „гледа” во тие делови повеќе отколку што може да се анализира со рационални, логички поставки.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ова бара постојано менување на минатото, што е овозможено со системот на мислење кој во суштина опфаќа сѐ друго и кој во Новоговорот е познат како „двомисла“.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како и судбината на Татковиот живот да беше постојана граница која му ја оставаше во наследство и на самото семејство, а Мајка бараше постојано излез од неа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)