бев (гл.) - седум (бр.)

Веќе беше седум ипол, а јас се топев во сопствената агонија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Кои сте вие?“, прашува човекот. „Ние сме трите џуџиња“. „Па, нели бевте седум?“ „Нема, луѓе, брат!“, одговараат џуџињата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во таа тајфа беа седум, а цело село чу само шест пукоти.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бевме седум ученици: на прво место Љакето, тој што кркна тресеница од татка си на свети Никола; Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, Ноаче на Дамјана Вржов – се сторија три, па Моне на Тасета Ќутурко- четири, па јас и бате Николче наш (после ќе видите што унер беше со бате Јолета наш) и седма беше Ѕвезда, чупиштето на Павлета Ќорвезирот, како што ја викаа зашто таа само со нас машките се дружеше и наместо да игра со крпчиња и игли, таа барабар со нас делкаше пушки и јатагани.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Неговиот стан беше седум катови погоре и Винстон, кој беше на триесет и деветгодишна возраст и имаше воспалена проширена вена над десниот глужд, тргна полека по скалите, одморајќи се неколкупати до горе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше седум часот и петнаесет минути, време за будење за канцелариските работници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)