бев (гл.) - ослободи (гл.)

Бидејќи Ристе Бојанин не одеше в црква ни наутро, ни со подарок, Бојана беше ослободена од таа должност и спа до сонце огревање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Работната чета на Џулија во Одделот за проза беше ослободена од производството на романи и сега брзо лиферуваше серија памфлети за злосторства.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- И неочекувано, како да се беше ослободил од размислите што го беа зграбиле и повлекле, тој ми се насмевна: -Кога ќе ја доведеш твојата девојка, како се викаше... - Катерина - реков.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сега таа беше ослободена од болката, но тоа беше само физичка слобода, отсуствуваа оние груби канџи што ѝ се зариваа во слабините и ѝ го отежнуваа нормалното дишење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За сѐ дознавав навреме, само се бев ослободил од излишностите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)