бев (гл.) - посади (гл.)

Се садеше што не се посадило, или се додаваше на тоа што веќе беше посадено - уште некоја леа пипер, четири реда патлиџан, два трапа барбуња, едно парче големо колку да се растркала магаре, крастајчиња, блиску пред куќата жените ги садеа или ги пренесуваа веќе порано посадените џунџулиња, пркоси, париња, сивци, гербери.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Делот беше обрабен од доломитен клесан камен. Остатокот беше тревник, околу кој беше посаден нискостеблест шимшир.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Крај неа беа посадени прекрасни дрвја.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од предната страна на зградата, на терасата што продолжуваше на осум столбови над реката, во големи земјени ќупови беа посадени леандри кои во првите зимски денови газдата Таки Ников ги собираше во стаклениот цвеќарник што беше придодаден на зградата од страната на Камениот мост.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)