Со молневита брзина се пренесе веста дека каурите од Мариово го нападнале кадилакот, и од сите страни се стече кон него сѐ што беше Турчин во градот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Сите останаа без збор, а Турците си рекоа алал за оваа жена, која иако не беше Турчинка, знаеше да се стави на правото место.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тоа беше Турчин со зачалмен фес и ибн Пајко тојчас го препозна амамџијата Селим од Чифте-амамот, кој секогаш го триеше со топли ленени крпи кога овој со Калија одеа во саботите на бања, едниот во женскиот, другиот во машкиот дел.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)