А беше април, во 1941-та, и речиси немаше ден кога не паѓаше дожд.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тој сакаше да свршат работа уште во првиот дуќан што влегоа, но таа не се согласи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Беше април месец. Излезе да купува со жената.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но тогаш беше април а сега во овој мамурен час пак се тргаше од полусонот, му се спротивставуваше на ножот и го бришеше од себе безобличниот човек за да се врати таму в планини, за да најде за нешто причини, сега, кога сиот беше еден огромен простор во кој бучат водопади и прскаат облаци и јурат незауздани диви ветришта.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во април и тагата заврши. Не беше април и не беа во планина.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше април. Топли априлски денови.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Се сеќавам, беше април. Не знам колку деца точно бевме од нашето село.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Не знам точно каде одевме, но знам дека бевме мртви гладни и смрзнати оти беше април и не беше баш така топло!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Беше април и некој веруваше дека првин ќе завладее добата на љубовта.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ако не беше април кога пролетта одново ги поттикнува сите наши сочувства и нежности; Ако не беше наоколу сè растурено како некогаш монистата од украсите на мајка ми можеби немаше да застанам на шумската патека и немаше да видам како споменот се качува по расцутените гранки по кои толку ненадејно отрча малата верверица.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)