Врските наши со Бугарите станаа многу тесни со општа положба во Турција: ние бевме браќа по својата судбина и бевме во еднакви односи кон владата и фанариотското духовенство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Иако беа браќа тие физички беа сосема различни.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
- Што, што! Зар само твоите. Моите донесоа граѓа, а ако не ми беа браќата за да ја изѕидаат, уште ќе бевме во старана колиба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Постојано го хранеше со горчината на поразените предци што се пренесуваше со генерации, од колено на колено, и со презирот кон победниците, кои, всушност, им беа браќа, и кон нивните сестри, кои им беа мајки.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Соседите беа браќа, со семејствата: едниот овчар на бегот, а другиот задолжен за плетење кошници, врбови леси и рогозки од шеварот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Да беше брат ми тука, ќе ти кажеше – се насмеав.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Како де?!? – се заинтересира и Борче.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
За неа Дончо на Чана како да ѝ беше братче, го викаше Големиот Бато, не се ни обидуваше да сфати дека не е возможно деца од две мајки да бидат брат и сестра.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На списокот беа брат ми, жена му, нивните деца со семејствата, сестрата на жената на Зигмунд, двете куќни помошнички, личниот доктор на брат ми и неговото семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И сосема на крајот од списокот – Жо Фи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш, кога ќе те сретнев надвор, би те бакнала без да бидам прекорена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дома понекогаш ја отворав “Библијата”; од неа најмногу го сакав оној дел во кој кралицата од Саба му се обраќа на Соломон: “О, да ми беше брат, да ги цицаше градите на мојата мајка!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)