Бригадирот Језекил, она старче, што беше седнато сега крај прозорецот, беше бригадир на градежната бригада на Задругата, а Змејко беше само еден работник, мегданџија, во неа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Третиот беше бригадир на градежната бригада на Задругата: сакаше и нему да му го заборават името и да го викаат бригадире. Го викаа Језекил.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Работеше нешто, повеќе белешкареше, за она време додека Змејко беше бригадир на градежната бригада, тоа време имаше доста такви белешкари и евидентичари, крај оние што работеа и што се натпреваруваа, а кога Змејко откажа да остане бригадир, тогаш уште првата утрина старецот ја изнајде некаде и ја зеде под мишка една стара заборавена и извалкана од рѓата синдикална книшка од 1922 година, што се беше сочувала меѓу алатите и отиде со неа кај Претседателот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко прво беше бригадир на градежната бригада на нивната Задруга.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)