Тоа беше врската клучеви која морав да ја оставам при излегувањето, на надлежност на вратарот, кој беше, исто така, на еден или друг начин за безбедноста поврзан со својата Централа.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тие десет изминати дни, само Хасан, домаќинот, му беше врската и допирот со Истанбул.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Јас на Сврделот, за време на германско-бугарската окупација, му бев врската со Градскиот комитет.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој, кој беше врската со оние кои доаѓаа од слободна Македонија, како што велеше Васил, да пребегне?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)