Пошто се имавме најдено на муабет, а нему веќе не му беше грижа од некого да се плаши. Како сега мене...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Погледот ѝ беше како поглед на луд светец: опсесивен, телесно измачен, но не ми беше грижа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа не го криеше ниту од внимателниот Х.Х., а за И.И., воопшто и не му беше грижа зашто тој му беше потчинет.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не ми беше грижа што колешките од канцеларијата го слушаа моето плачење.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Беше убава, потиштена, со чист поглед и невина, ладна и без дискусија како да истапила од некоја слика на прерафаелистите; а јас бев вљубен.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Патем, и јас малку бев наклонет кон тоа. Хипохондрија. Анална педантерија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)