бев (гл.) - девојче (имн.)

Понекогаш дури и ја сонував таа рака, и во сонот ја подавав својата рака кон неа, и мојата рака удираше во ѕидот па се будев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури беа мали, тој никогаш не ја тепаше како што ги тепаше Хари и Ернест само затоа што беше девојче; но подоцна почна да ѝ се заканува и да ѝ кажува што сè може да ја снајде само да не е обѕирот спрема покојната мајка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сакаш ли двете да им се измолкнеме одовде, онака сами, па да удриме едно тарашување низ чаршија, како кога бевме девојчиња?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Имав видено во нашиот двор како петлите се качуваат на кокошките, кај соседите имав видено како се објагнува овца, но во човечкиот живот многу нешта се поинакви отколку кај птиците и животните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имав едвај петнаесет години кога забременив. Бев девојче кое не знаеше ништо за забременувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Години пред тоа, кога бев девојче исплашено и очаено од омразата на својата мајка, верував дека еден ден ќе се појави рака која ќе ме одведе кон едно поинакво постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа секогаш ја даваше целата плата – седум шилинзи – Хари праќаше колку што можеше, но вистинска уметност беше да се искамчи нешто од таткото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)