Се насмеаа. Постепено се засакаа... Уште беа деца...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
На едната страна беа децата од чивчиите, занаетчиите, бавчанџиите, и чифлигарите, кои живееја во Варош-маалото, а вториот “табур“ го сочинуваа децата од беговите, агите и чорбаџиите, кои живееја во Долното-маало.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
„Кај нас дома за тие работи се раскажуваше до скоро, кога јас бев дете.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ласа и Вангел секогаш ја кажуваа смешната страна на нивната голгота.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Дома зборуваа унгарски кога ние бевме деца.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Бев дете. Тука, во Лерин, како да пораснав преку ноќ!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Како времето поминуваше, ѝ стана како ќерка. Рашела беше дете од сиромашно смејство, што мајка ми, Евридика, бог да ја прости, ја зеде кај нас дома, да помага, по молба од татко ѝ, како најстаро дете во неговото бројно семејство за да работи и да печали.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога бевме деца, нѐ ранеа со солпипер, нѐ облекуваа во шајачно.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„А ти ако сакаш можеш да излезеш“, му реков. Влатко излезе.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Тој беше дете од моите детски соништа. А можеби и јас бев во неговите...“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сестра Мира ме боцна многу внимателно, како во оние далечни времиња кога бев дете. Ниту колку болва да ме каснела.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Па и нека остане моја мала тајна...“ се подзамисли мама.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тој не беше дете, ни глуп, неискусен човек.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ако не беа тука кога таа ја ставаше храната надвор, таа ќе ги повикаше како да беа деца што играат во дворот и, штом ќе го слушнеа нејзиниот глас, тие како стрели долетуваа од дрвјата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Кога јас бев дете немаше авиони. Немаше ни автомобили, ни телевизори...
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
А тие што воспоставувале машки геј-културни идентификации честопати тие идентификации ги опишуваат како инстинктивни, природни, некалапени од општествените ставови и предрасуди, како упорна, истрајна страна на нивното личноствување, длабоко вкотвена во нивниот субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не знам“ (210).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Повеќе се гордеам што преживеав злоупотреби кога бев дете, што сум на Списокот на деканот и што по години нерешителност сега сум на пат да дипломирам медицинска нега.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој мисли и на оние мажи, каков што е и самиот тој, кои станале полнолетни пред Стоунвол – кога бродвејскиот мјузикл сѐ уште бил жив културен облик,119 а јавната машка геј-култура сѐ уште не постоела – и кои искуството на геј-ослободувањето ги преобразило толку длабоко и неочекувано, што постепено почнало да изгледа „сосема обично што јас, од сите луѓе на светов,“ како што забележува Милер, „сум, ете, во друштво со мажи што носат ремени за кревање тегови, со прстени на брадавиците, а да биде крајно чудно, не само што сѐ уште можам да ја слушнам истата музика што ја знам уште откога бев дете туку и тоа што имало и други, многумина други такви мажи меѓу нив, кои се во истава чудна положба како мене“ (23-24).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби е тоа лит стереотип, но верувам во него – просто знам“ (30); „Се вљубувам во старите градби и во приказните за луѓето зад нив уште откога бев дете“(51); „Кога бев дете, многу ме интересираа зградите и архитектурата“ (61); „Мислам дека сум генетски предодреден да бидам колекционер“ (70); „Мајка велеше дека првото богатство сум си го донел дома кога имав седум години“ (99); „Дури и кога бев дете, цело време сакав да поправам работи“ (111); „Уште од како паметам, ме фасцинирале куќи и ме фасцинирало тоа што се случува внатре“ (118); „Уште кога имав три години знаев дека ќе бидам уметник“ (131); „Компулсија е тоа или опсесија?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сакам да ме знаат по сето она што сум, а не само по едно нешто што сум случајно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Не ми е гордост што сум во геј-заедницата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вил Фелоус собрал многубројни речовити лични сведоштва за тој ефект, документирајќи ги и силината и сеприсутноста на таквите перцепции, со особен осврт на историското конзерваторство и архитектонското реставраторство: „Уште како дете, кога растев во неугледна фарска куќа, имав око за поинтересните и попривлечните градби“ (29); „Геј-мажите се многу усетливи за убавина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Јас, на пример, можам да кажам дека навистина не ми е гордост тоа што сум геј,“ гордо пишува Бре Дегрант на Salon.com кога го срочила написот со задолжителното одрекување од гејството за годишното издание по повод Геј-гордоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Потоа ни дадоа војнички униформи, по една батериска светилка, пешкир, конци и игла, шамимче за бришење нос, ноженце заедно со лажица и виљушка и потоа нѐ качија на воз и така станавме војници и веќе не бевме деца...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Да, ние бевме деца на војната.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И од тој ден веќе не бевме деца на мама и тато... бевме деца на грчките партизани, деца на генерал Маркос, бевме група на Евгенија, на Марија, на Лина, на Тина и не се велеше децата, туку таа и таа група да дојди, да оди, да се построи на ред за појадок, за ручек, за вечера... бевме група во која немаше име на дете, туку бројче изрежано на метална плочка со ликот на Маркос и на синџирче ја носевме обесена на врат30... а потоа, далеку на север, бевме детски дом број 1, број 2, број 3... и потоа одделеније, па клас... и ретки беа писмата што стигнуваа од дома... ...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дотогаш се плашев да им се приближам на другите деца (брат ми Зигмунд за мене никогаш не беше дете), некоја чудна непријатност ме облеваше дури и од присуството на моите сестри, ама уште кога го видов Рајнер, сакав да бидам близу до него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сега тој го стутка црвеното парталче, големо колку детско срце, во мојата дланка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Погледот ми беше матен и не можев да видам дали има солза во неговите очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Се сеќаваш како си игравме со сенките на нашите прсти кога бевме деца?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пред да тргне кон дома, го прашав: „Се сеќаваш ли на онаа бајка за птицата што ми ја раскажуваше кога бевме деца?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да не очајував кога бев дете, неверството на Рајнер ќе беше само краткотрајна болка, нешто на што ќе му го завртев грбот и ќе заминев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Марта и Ана ни кажаа дека живеат во убава куќа во тивко лондонско предградие, и постојано нѐ уверуваа дека пријателите на Зигмунд прават сѐ ние сестрите да добиеме визи за излез од Австрија, па потоа ќе можеме да им се придружиме во куќата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го направив оној наш таен поздрав од времето кога бевме деца: ја испружив раката, и со моите прсти му го допрев челото, па носот, па брадата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Многу години пред тоа, кога бевме деца, го имав скинато тоа џепче и му го дадов на разделување за да ме помни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се сетив на времето кога бевме деца, и брат ми ме учеше да пишувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во Гнездо децата на Дора беа постојано со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Која бајка?,“ праша брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Полека му се приближував, а еднаш го повикав да си играат нашите сенки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Онаа жена што си го бараше своето детенце ќе ја силуваат друмски разбојници, ќе ја водат со себе, а потоа ќе ја остават, и таа ќе умре во сон, покрај едно дрво, гушкајќи го врзопчето партали, кое ѝ беше дете. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Човекот е сон на една сенка,” рече Рајнер. Јас молчев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но сега, новата болка ја засекуваше старата рана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тие два расказа, или тие две приказни, јас ги чув кога бев дете, ги прочитав запишани од друг во второ време, ги запишав самиот кога остарев, речиси во трето време.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога бев дете, со татко и мајка одев на слава, ноќта спроти празникот Св.Никола, во Ново Село, кај тетин Никола.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Вакви студени беа и зимите кога бев дете“, си помисли кога сфати дека и клепките му подмрзнале од студот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ме сожалуваа. Бев дете и немав ставено дланка на женска дојка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш се сетија дека не бев вечерал и дека најмалиот и најумниот син на царот Сонце и царицата Месечина живеел пред тисошти години.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
“Кога бев дете, бев во состојба на страв и претчувство долго време, и тоа не слично на другите луѓе кои беа во истата состојба.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но, таа не беше дете! Беше жена, врела жена држена од рацете на маж.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа беше дете на природата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За Јана овие веќе средовечни луѓе сѐ уште беа деца.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Сепак, уште со првите зорнини на самракот, кога од зад Усекот и од кај Алилово се зададоа воларите, тие беа деца и нив никој не можеше да ги исмева за стравот од Турците, со нив и по нив, обвиени во думани од прав што ја креваа говедата, почнаа да се враќаат една по една и тајфите од полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ко го донесе и му го занесе на татко му на цар Александар за да го купе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
ЦАР АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ Едно време Цар Александар беше дете.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Сонцето иде за да зајде, а он оде спроти сонцето.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Шо прави персијскиот цар? Му праќа тиниќиња од конзерви, клопотарки и му вика: „Со овие можиш да си играш по улицата“.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Каде дојде у годинте му праќа назад.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Татко му беше стар, а Цар Александар беше дете малечко.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ка умре он беше дете 15 - 16 годишно.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Никој не можел да го вјаа.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
„Тој мој пријател беше дете во своето восхитување од ножот со седефена дршка и од моите мускулести раце.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Посака да рипне со сета сила во воздух, како кога беше дете, кога родителите ќе му купеа некоја долго посакувана играчка.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Бордо костумот, кој Александар го потсети на еден популарен фолк пејач кој што редовно ја пополнуваше новогодишната програма од времето кога Алек беше дете ѝ стегна еден шамар на Александра.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Кога беа деца со Мартин во станот прибраа едно маче, кое какаше и мочкаше каде ќе стигне.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
„Тој мој пријател беше дете во своето вохитување од ножот со седефена дршка и од моите мускулести раце.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ми ги раскажуваше кога бев дете.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Човековата смрт е многу чудна работа. Кога бев дете, често размислував за нејзината вистинска смисла. Ми изгледаше застрашувачка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ја гледа Богдан, но и таа го гледа него од сликата поднасмевнато, благо, ѝ ги слуша зборовите што му ги велеше кога беше дете: „Ах, Богданчо, место ние да те повелуваме тебе, ни нас нè повелуваш...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Му иде да викне, да свирне колку што може, како што тоа го правеше кога беше дете и кога ќе се качеше на нешто високо: дрво, карпа, покрив, брег; да викне и да го разлее гласот на сите страни и сиот простор наоколу да го исполни со својот глас.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Да, крајна цел беше децата еден ден да станат верни војници на султанот татко.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, ние сè уште бевме деца и од сè најмногу сакавме да гледаме таму каде што ни беше забрането.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сепак тој беше дете, исто како сите деца во домот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се колнам, тој беше дете и покрај тоа што знаеше сѐ и покрај тоа што можеше ѓаволски да измислува, и покрај тоа што можеше да се однесува како голем човек.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кога беа деца не беа јадни: јаваа дудови гранки и сонуваа вистински белец.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не беше дете и не веруваше во легенди.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кога бев дете, и рече гаменот, родителите ми ги миеја мислите со алкохол.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
3. Собирачи на пердуви беа децата, поточномладите луѓе коишто, при пристигнувањето, ги сретнав пред импровизираната продавница.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ја наведнав главата. Бев дете фатено со списание разголени фотографии, но на тие фотографии, беше моето сопствено тело, ишарано од пламењата и лепливо од јазиците на непознати дебели полицајци.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
На челото се закануваше брчката со која се здоби во Тунис. Крај нас беа децата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
ПРВАТА ЖЕНА: Оваа, мајка ти, е многу лоша станата, постојано нешто ме боцка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А кога беше дете сѐ на моја страна беше, ми помагаше, од пет годинки ја оставав да ги чува другите деца, беше како мајка, зашто јас морав да го следам дедо ти, постојано одевме на игранки и матинеа во домот на ЈНА, а редовно мене ми се восхитуваа и на убавината и на умот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Исто како кога бев дете, а ти од срце се смееше и фалбено ми велеше: Сите се мои..
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Ќе му рече: „Раскажете ми за животот во времето кога бевте дете. Како беше во тоа време?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беше една песничка што ја пеевме кога бев дете.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеби зашто нејзината природа, онаква каква што беше, ја паметам уште кога бевме деца, ненасилна, со онаа склоност кон мисловност и мечтаење, се противеше на нивната трезвеност, на која тие беа горди.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Последниве години тоа момче порасна во зрел млад маж, па не се гушкавте и галевте многу, како кога беше дете.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Единствена среќа беше детето, па и тоа умре.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Голем дел од родителите кои живееја околу гимназијата имаа угледни професии и голем дел беа деца од родители на номенклатурата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Во Востанието од 1903 година бев дете како Трајчета твој. И тогаш нѐ запалија Турците, Танејце, сум ја сркал оваа попара.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Како ги изведуваат овие сложени операции? (Со помош на крила, ако беа анѓели, или со подли трикови, ако беа деца на демонот)?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тука беа децата од Косинец, Лοбаница, Крчишта, Долно Папратско, Езерец, Галишта Брештени и уште од некои села од Костенаријата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Мартин не беше дете будало и неразбрано.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
- Ете, - рече дедо геро, - да не беа децата, тешко да му го најдеме крајот на Лумана.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Волку ли бевме и ние неумни кога бевме деца?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Некогаш сите бевме деца. Деца кои беа заборавени во полноќната тишина, во темнината научивме да гледаме, а и да слушаме во глувите тишини.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Го слушав јас тапото чукање на своето срце и гребењето на дивите ѕверови по мојава сирота душа, во тие далечни нежни години.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога бев дете имав свои детски соништа, сонот го сакав повеќе од утрото и новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Тие соништа имаа чудна сила, невидлива, но доволно силна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
В не веруваше во Дедо Мраз ниту кога беше дете, иако секоја Нова година наоѓаше подароци под елката.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
На начинот на кој ја изнесувате оваа епизода, си велам дека вие можеби помислувате дека сте го оставиле смеењето додека бевте дете, во прегратката на вашата мајка сте морале да ја минете ноќта на другиот брег од вашето Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во тоа време бевте дете, но човек на ваши прашања мора да има подготвени одговори.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Кога бев дете ме учеше како се викам и која ми е адресата, да знам што да кажам ако се изгубам. А еве сега заборавив.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СУЛТАНА: Кога бевте деца бесевте мачки по дрвја. Ти, тој, Евто, Михајло.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СТЕВО: Па добро, ако сум оној истиот Стево како кога бев дете, како тоа тогаш не знаев да пливам, а сега знам?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Можеби како дете на нивна возраст не сум имала можност да одам на море, затоа сега јас на осумнаесет години по вторпат во животот бев дете.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Кога бев дете (кое не е растено во Питсбург), го штедев секој пени, ја лапав набрзина мојата супа од сол и пипер и трчав до центарот на градот да го видам секој филм на Џуди Гарланд .
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
По првото умирање во семејството, кога бев дете, дознав и за самиот чин на постоењето на смртта, па природно, ми се поставуваше и прашањето за продолжувањето на душата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сега на покривот, над истиот оној празен простор, стои човеков што тогаш беше дете и тогаш гледаше оздола со отворени зеници и запрен здив кон височината што му се чинеше недосеглива, кон работ на покривите; стоеше сега поднаведнат а сепак достатно задржан од железата околу рацете, затегнати со сигурност над таа улична празнина.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога сега, помисли, кога сега би го наполнил празнион простор под себе со своето паѓање и со еден крик, нивниот крик, кога би ги собрал раштрканите луѓе околу една црна сенка на плочникот!
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Без музика и без рефлекторска блештавост, само со тоа меко, нечујно и невидено паѓање, од кое би останала само една црна сенка на плочникот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Кога бев дете, кога бев мал на прекрасно кралство бев семоќен крал!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кога јас бев дете, нашите стари нѐ учеа да ги сакаме птиците.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Мажот ми одамна умре, уште кога син ми беше дете.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тогаш бев дете, мислев дека сум само вчудоневиден, но сега знам дека пред мене пукна, се отвори некое небо по чии широчини и далечини душата ми се подаде, но срцето чиниш смртно ми се исплаши.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Братучедите се свртеа еден кон друг, со накривнати глави се подзагледаа се вртеа сѐ додека не ги слепија рамениците свртени со грбовите кон војниците па заодија така стегнати еден во друг надолу по патот како некогаш кога беа деца.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Потоа, почна да се бара по џебовите, но рече: „Имам другарувано со Уртето. Кога бевме деца.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој, кога беше дете, татко му се обиде да го учи и го испрати во Битола.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Потешко ми беше детето што го носев под појас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Кога јас бев дете немаше авиони. Немаше ни автомобили, ни телевизори...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Знам мило, знам, - рече божем навредено тетка ми – но што можам кога сум била најмала и доцна сум се вклучила во нивниот живот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Тето – ѝ се свртев на тетка ми Оце – да знаеш, тебе воопшто те нема во нивното детство, секогаш кога мама ми раскажува, вели, тетка ти Ана и јас, кога бевме деца... и сè за нив двете кажува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)