Толе се сневесели. Му беше жал, дури и срам зошто Аќиф не беше некој бег, ага, паша Валија, та му појде умот дури и до великиот везир и султанот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Околу неа се врткаше мачката. Нејзе сигурно ѝ беше жал за расплаканото девојче па се галеше околу нејзините нозе и сакаше да ја утеши.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Морав да ја отпуштам Никол што навистина ми беше жал, но добри пријателки сме, таа ни беше како член на семејствово и сѐ уште често нѐ посетува.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
На Еда не му беше жал. Тоа беше првиот поен што Едо го доби.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Му беше жал за Денко. Со себе имаше расчистено: сегде и секогаш, само напред, нема отстапување.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И нејзе ѝ беше жал за нас двете, а можеби и за себе и за нејзините другарки, можеби и таа си имаше свои стравови поради разделбата и што знам јас што, но знаев дека не ѝ е лесно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А неговите очи! Големи и натажени како на срна!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Леле, колку ми беше жал за него! Толку тажни солзи, немав видено никогаш дотогаш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Зар толку не ти беше жал?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И сега наеднаш просто како да му беше жал за таа притивната мечка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Му беше жал да ја изеде.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Не ми беше жал, затоа што можеби таквите како Миле ги кршеа лулашките кога беа убави, чисти и нови.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Му беше жал за селаните, за селото, а во градите му гореше силен оган од омраза спрема Германците.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Околу полноќ стигнавме до црквата Грачаница. Мислев дека ќе ја видам, но успеав само малку оградата да ја забележам. Многу ми беше жал.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се качив и почувствував како под мене ги искршив моите прекрасни уметнички слики.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)