И врховниот водач на Тунис Хабиб Бургиба не беше исклучок во ова верување, кое што во годините на залезот на животот уште повеќе му го зајакнуваше неговата придружба, меѓу кои се криеше и преамбициозниот наследник.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXVII Следејќи ја палестинската драма, по падот на бургибизмот во Картагина се соочував со сјајот и бедата на источните владетели во судирот со модерните времиња.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од владеењето на Бургиба длабоко навлезен во деветата деценија на животот стануваше јасно дека тој не беше исклучок на вистината дека нема тиранин кој признава дека старее.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потоа, постепено, неговата неподносливост се насочи и кон посетителите и намерниците, особено кон посетителите, но не беа исклучок ни намерниците како поштарот и луѓето од комуналните служби кои доаѓаа да му ги испорачаат месечните сметки.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)