бев (гл.) - исчезнат (имн.)

Требаше да се одржи внатрешната и надворешната рамнотежа и стабилност на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ислуженото тело веќе не ја додржуваше душата. Беа исчезнати од Татковото лице и брчките, трагите на големиот егзил.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во светот се насетуваше крајот на биполарната епоха, се наѕираа првите пукнатини на Берлинскиот ѕид, крајот на Варшавскиот пакт и СССР, продолжуваше да живее. Движењето на неврзаните, макар што нејзините основачи Нехру, Насер, Сукарно, Тито и други беа исчезнати од животот и политичката сцена.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Забележуваше дека дел од постарите букинисти беа исчезнати, а на нивно место беа нивни синови и ќерки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Им се обрати на првите луѓе кои ги сретна во древната Андалузија на својот џидо, шпанско-кастилјански јазик, и со прастари зборови кои беа исчезнати од сеќавањето на овдешните луѓе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Каде беа исчезнати моите некогашни врсници!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но колку и да беа исчезнати овие времиња, нивниот дух остануваше жив во луѓето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)