И продолжи да чита: „Првите седмици поминати во притвор силно тагував и копнеев за сѐ, но најмногу, што е сосем природно, за своите најблиски, но не само за нив: тоа беше копнеж за многу конкретни нешта, атмосфера, средина, врската, ситуацијата, доживувањата итн.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Иако конкретно на тоа не мислеше, но мачнината што во него тлееше беше копнеж за љубов што ќе води кон дом, кон деца.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Таму, Ориентот беше копнеж и симбол.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа не сакаше да се залажува: тие никогаш не го прифатија својот ашкенаски рабин, а ниту Цви некогаш се потруди подлабоко да се зближи со духот на своето стадо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И морав премногу да размислувам за тоа што ќе работам кога ќе ме пуштат од затвор.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
1) Првите седмици поминати во притвор силно тагував и копнеев за сè, најмногу, што е сосем природно, за своите најблиски, но не само за нив: тоа беше копнеж за многу конкретни нешта, атмосферата, средината, врската, ситуацијата, доживувањата итн.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)