Веќе беше мрак, кога се најдовме на граничниот премин Комарно, каде што формалностите траеја многу долго.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но веднаш ја отфрлам оваа мисла: последен дојдов, кога влегов во салонот беше мрак.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Веќе беше мрак а надвор мраз, понекоја снегулка паѓаше ретко носена од ветрот; знам дека Ана (дека Маргарита) не се исплаши кога застанав крај неа и реков: “Не е можно така да се разделиме уште и пред да сме се сретнале”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На улица беше мрак и зима. Не зима. И не пролет.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше мрак, а слабата светлина од колибата не допираше до нив, па Бојан не им ги виде лицата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не можеа да си ги видат очите, беше мрак, не смееја да си ги подадат рацете, би било многу необично и многу ненадејно, но можеа да го чујат шумното дишење еден на друг и да го чујат секој за себе лудувањето на сопственото срце.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога малку му се врати свеста, која дојде со студот што му лазеше по телото, веќе беше мрак.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Чувствував како ме растргнуваат љубовта и омразата, и едната и другата ме водеа во очај, затоа што немаа каде да паднат: бев отсутна од животот на оној кому му беа упатени, а тој за мене беше поприсутен од мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Честопати одев до неговиот дом; ако беше ден – тропнував на вратата, ако беше мрак – погледнував дали има светлина зад завесите; но таму беше пусто, онака како што беше и во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)