бев (гл.) - настан (имн.)

Во фазонот: „Кажи дали ме љубиш, Марју?“ „Не можам, баш сега серам“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Тој батка работеше во циркус и тоа беше настан како кога човекот првпат проговори од стомакот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но дури и тоа беше настан што се памети во затворената осаменост во која човек мораше да живее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поделбата на светот на три големи супер-држави беше настан што можеше и што всушност и беше предвиден уште пред средината на дваесеттиот век.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ритуалот ги зближува унесреќените – земјотресот беше настан од блиската, заедничка митска повест што ја храни колективната фантазија...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој шум, сред оваа неначната тишина, добиваше размери на експлозија и за сѐ живо, а притаено во долината, беше настан, беше напнување на слухот, потреперување на срцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нивното доаѓање за него беше настан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сите во Гнездо, освен оние стигматизираните, тие недели живеевме за карневалот – го очекувавме како да не беше настан што ќе трае само една вечер, туку како со него да започнува за сите нас едно ново постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Докторите ни дозволија самите да решиме какви костими ќе носиме, и заеднички ги кроевме; зборувавме за костимите и ги кроевме како со нив да си правиме ново тело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе видиме до кога. 6 okno.mk ФАНЗИН бр. 0 МРАК okno.mk 7 О, тоа беше настан!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)