Високата професионалност на дипломатските кадри беше последица не само на внатрешната и надворешната позиција на земјата туку и на нејзините ангажмани што ги имаше како еден од главните лидери во движењето на неврзаните земји, кое во блоковски разделениот свет имаше посебна и значајна улога.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Дури по конзилијарниот договор, цела екипа лекари ја изврши операцијата која беше последица на комликациите настанати со вонматеричната бременост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа беше последица на огромната несигурност во себе.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Мене ми беше јасно уште во истиот миг дека сè што го исполнуваше тој мал отсечок од животот беше последица или одговор на мојата постапка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Плус тоа, не му беше последица само од таа вечер.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Можеби ќе посакате на тоа свое биолошко раѓање да му го спротивставите вашето стварно раѓање, она коешто беше последица на настан скриен од јавноста во текот на кој вие навистина станавте вие самите. 4Тргнавте прилично жестоко.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој тоа го вршеше умешно, брзо и ефикасно, што беше последица на здобиеното искуство во откривањето на најкарактеристичните османскотурски заемки за натамошна обработка според почетната замисла, но и измените до кои дојдоа во текот на работата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Очигледно настапуваше нова, завршна фаза во мисијата, во тоа беа уверени и обајцата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Доколку тоа се вклопува во нашиов разговор, повеќе би сакал, наместо непосредно да ви одговорам, да се впуштам во бескрајна анализа на реченицата: „Јас, јас сум, јас сум роден“ - кадешто времето не е назначено.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)