бев (гл.) - пролет (имн.)

Беше пролет, беше пладнина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доаѓаше (ах) од зима, одамна беше пролет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Луѓето се чудеа и се крстеа: „И господ не држи до никаков ред: за една ноќ може да те излаже за цело годишно време: вчера беше пролет, а денеска зима...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој ден со Билјана се искачивме на едно ритче. Беше пролет насекаде, па и во нашите срца.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но јас, во својата болест (навистина мислам дека тој месец се наоѓав во еден вид бунило), што денес ја нарекувам поленово лудило (беше пролет и многу полен имаше во воздухот, и целиот свет зуеше како кошница), напишав петнаесет песни за Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Фала богу, беше пролет, пријатно време, а и не е далеку од браната до Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се сеќавам, беше пролетта `45 или `46 година, не знам точно!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Еден ден, а тоа се случи по војната, Даскалов ненадејно пристигна, со џип. Беше пролет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив ќе ми понуди нешто многу ретко и необично.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина беше пролет, Иван беше веќе проодил, а јас секој ден се преоблекував во тие три фустани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе го изведев Ивана кај коритото преполнето со вода и сонце, и бев многу среќна дека може да ја види мајка си дотерана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше пролет. Сонцето топло светеше, а таму - некаде далеку - надвор од градот, веројатно, се заленееја ливади и цутеа разнобојни цвеќиња, а шарени пеперуги, веројатно, летеа над нив.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)