Прво, актуелното негирање на фактот дека уметничката креативност во Британија (посебно во Лондон) беше процес на реципроцитет и борба помеѓу уметниците од многу националности.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Станувањето женско според брат ми не беше резултат само на биолошка предодреденост, не беше анатомски факт, ниту пак метафизичка даденост и нешто што лежи во неодгатливоста на душата, туку беше процес придвижен од зависта, и по завршувањето на тој процес зависта остануваше во животот на секоја жена, како траен белег на она прво жестоко чувствување на осакатеност заради немањето машки полов орган.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)