Мажите, што седеа поблиску до Илка, а што му беа роднини, завидуваа на домаќинлакот и убавината на невестата Доста, а тие што не му беа роднини, си поголтнуваа: старите — од убавите готвени што ги донесе Доста пред Илка, а младите од нејзината убавина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како кој доаѓаше, така тој на Паца ѝ беше роднина, и како кој заминуваше, така Паца тие денови со сè поубав фустан излегуваше на улица.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Се растрчуваа и луѓето по сокаците и одеа кај онаа жена што им беше поблиска, што им беше роднина или пријателка, застануваа крај куќата и штутеа под прозорците, ги наслушнуваа јачењето на породилката и заклучуваа дали ѝ наближува времето за породување или уште ќе се мачи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)