Најдо Акиноски, кој им беше син на закланите Михаила и Трајанка Акиноски и кој зашто беше посветен од Организацијата и излезен да комитува па остана незаклан, си подигна куќа на североисточните падини на Горник, веднаш над старата Дамческа куќа, над онаа во која, по делењето, останаа да живеат Дамчевци Џаџовци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Глас: Во пазувите на Ефес прапотомокот на Херакле по име Филип Македонецот по потекло од Карановата кралска лоза ја побара раката на Олимпија од братот ѝ Аримба зашто беше се вљубил во таа девојка без родители, прапотомок на Ахила, од Неоптоломеевата кралска лоза. Ахил пак беше син на кралот Пелеј.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
А тие освојувања голтаа стотици и илјадници правоверни во чии редови беа синовите и младите браќа на нашите бегови.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Јас сум, Стефан, слушнав потоа. Сетив како викам само да, да, да, колку да не се случи да затвори. И вистина, беше син ми Стефан.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Сопственик на мрежата беше синот на претседателот на Националното собрание.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тој Јован Ѓуров, или како го викаа в село — Ѓуровчето, беше син на дедот Ѓура Јовановски од нашето село Витолишча, кој, за да го исхрани Јована и трите му сестри, помали од него, одеше секоја пролет во Ќесендра или Метуите на жетва, а откако ќе се вратеше оттаму продолжуваше со аргатлакот во Прилепско или Битолско Поле. Со парите што ќе ги донесе од жетва ќе купеше толку леб, колку еднаш во денот да јадат децата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)